Македонија
2. October 2018 - 19:09

Дел од жителите од населбата Центар утре без вода

 Корисниците лоцирани на улицата „Црвена Вода“ 33 во населбата Центар утре од 9 часот ќе имаат прекин во водоснабдувањето. 

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи-Скопје, прекинот е поради поврзување водоводен приклучок со пречник од 80 милиметри на улицата „Црвена Вода“ 33 во населбата Центар.

Жителите ќе бидат без вода се до завршување на интервенцијата