Loading Video...
Свет
31. December 2020 - 16:37

Дел од светот ја дочека новата 2021 година

Новата година во светот ќе биде дочекана во необична амтосфера. На сила се рестриктивни мерки, органичени собири по дома, ќе ги нема традицоналните масовни јавни прослави а во многу држави има и полициски час. По улиците ќе бидат распоредени дополнителни безбедносни сили кои ќе следат дали забраните се почитуваат. Целта е да се запре ширењето на ковид 19 пред вакцината да почне да делува.

Новата 2021 година ја дочекуваат 83 милиони заразени ширум светот.

Почитувајте ги правилата и останете дома за новогодиишната ноќ. Пораките на Европските лидери до нивните сонародници не изостанаа ниту денеска.

- Морам да побарам од вас да ги почитувате мерките и Новата година да ја дочекате безбедно дома порача Борис Џонсон, премеир на Велика Британија.

2020 година е убедливо најтешката година за сите нас истакна германската канцеларка во новогодишното обраќање до нацијата.

-  Во последните 15 години,никогаш не сме ја чувствувале годината што заминува толку тешко, и никогаш, и покрај неизвесноста од опасностите и скептицизмот, со толкава надежи не сме гледале кон Новата година. 2021 година е година на надеж рече Ангела Меркел.

Новогодишната ноќ во многу метрополи ќе помине и без спектакуларните огномети и ласерики спектакли.  

2021 та година ќе значи нов почетокот во односите помегу Велика Британија и ЕУ.

- Моментот конечно дојде и треба да се искористи порача Џонсон.

Идната година Ерата на Меркел, ќе заврши по 4 мандати и 16 години како канцелар на Германија.

- Ќе има парламентарни избори за девет месеци и нема да се кандидирам повторно. Ова е последен пат како ви се обракам на новогодишната ноќ рече Меркел.  

Американците во 2021 година и официјално ќе имаат нов претседател.

А со парламентарните избори во Бугарија закажани за март да се надеваме дека новата владата ќе заземе нов курс во однос на Македонија.