Дел од пепелта на Габриел Гарсија Маркес вратен во Колумбија

Дел од пепелта на колумбискиот писател и нобеловец Габриел Гарсија Маркес е пренесен во историскиот пристанишен град Картахена во Колумбија, каде тој ја почна неговата писателската кариера.
Членови на семејството на Маркес, пријателите и локалните жители присуствуваа на откривање на бронзената статута на авторот, која е сместена во колонијалниот манастир во Картахена.
Бистата е посравена вра камен во кој е положен дел од пепелта на Маркес. Остатоткот на пепелта ќе остане во Мексико, каде писателот живееше со децении и почина во 2014 година.
Утврдениот град Картахена беше местото на случувањата во еден од најпродавани романи на Маркес, „Љубов во време на колерата.
Семејството на колумбискиот писател и натаму ја одржува куќата крај брегот на морето во Картахена во која тој живеел, како и Фондацијата за обука на новинари од Латинска Америка.
Габриел Гарсија Маркес беше еден од најзначајните писателли на шпански јазик. Тој е автор на болем број книжевни дела, а меѓу најпознатите се „Сто години самотија“, која е продадена за повеќе од 50 милиони примероци и преведена на над 25 јазика.
Тој е сметан за херој на латиноамериканските левичари, како поранешен сојузник на кубанскиот лидер Фидел Кастро и критичар на амриканската политика.
Ново на Сител
-

Реал сезонава заработи најмногу пенали во петте најсилни лиги во Европа
-

Калас: Моето чувство е дека земјите-членки не се подготвени да дадат конкретен датум за членство на Украина во ЕУ
-

Епидемија на мали сипаници во северен Лондон
-

Заладување со нови пообилни врнежи
-

Мицкоски во Минхен: Не ни треба процес без крај, туку заслужена и предвидлива европска иднина
-

Уставниот суд воведува редовни средби со граѓаните секој прв четврток во месецот
-

Честитка од Стоилковиќ по повод Денот на државноста на Србија
-

Измени на Законот за електронски комуникации за укинување на трошоците за роаминг при патување во ЕУ
