Македонија
24. January 2016 - 9:55

Дел од општина Гази Баба утре без струја

Од 8 до 16 часот утре без струја ќе бидат корисниците од населбата Јурумлери, Мралински Мост, Дрма и објектите на фирмите Млекара Битола, Вајомаг и Жито Алтан во општина Гази Баба.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот е заради технички зафати во електросистемот.