-->
-->
Дел од Кавадарци без вода за пиење до 15 часот поради два дефекта
-->
Дел од Кавадарци ќе остане без вода за пиење до 15 часот поради два дефекта во водоводната мрежа, информира Пандорка Димитриева, референт за односи со јавноста при Јавното претпријатие “Комуналец”.
- Без вода ќе бидат жителите од улиците “Љубашка”, “Народна младина”, “Словенска”, “Игман”, “Солунска глава” и неколку помали улуци. Ги молиме корисниците на вода за пиење за разбирање, вели Димитриева.
Екипи на претпријатието се на терен и интензивно работат на надминување на проблемот и нормализирање на водоснабдувањето во тој дел на градот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Маск: Зеленски „се храни од мртвите тела на војниците“
-
Чешката скијачка Нова веќе не е во кома
-
Хамилтон: И да освојам титула нема да застанам тука
-
18 илјади сообраќајни казни од почетокот на февруари
-
Рубиалес парично казнет за бакнувањето фудбалерка
-
Можна градска пресметка Реал Мадрид – Атлетико во осминафиналето во ЛШ
-
Билјана Каракашева Шулев нова заменик претседателка на ДКСК
-
Халанд: Заедно повторно ќе се издигнеме