Дел од Грците против новите биометриски лични карти

Ќе имаат чип, ќе имаат баркод, ќе го содржат бројот на ѓаволот 666, се само дел од тврдењата во Грција на оние кои се против новите, биометриски лични карти што во земјата по првпат ќе почнат да се издаваат за две седмици, а од 2026 година ќе бидат задолжителни, јави дописничката на МИА од Атина.
Слично како и за вакцините, така и сега за новите лични карти, постојат реакции кај одредени граѓани во Грција, кои сметаат дека на овој начин ќе добијат чипови и ќе можат да бидат лоцирани во било кој момент.
Паралелно организираат и протести. Минатата недела се собра во Солун, денеска ќе протестираат во Атина, пред грчкиот Парламент.
„Не за дигитално ропство“, „Не за укинување на слободата“,„Не за укинување на демократијата“, се дел од слоганите под кои на социјалните мрежи се најавува денешниот протест, а организиран е и превоз до Атина од останатите грчки градови.
Реакциите против новите биометриски лични карти, започнаа во текот на летото, кога голем број граѓани во различни делови на Грција започнаа масовно да поднесуваат барања за обнова на постоечките лични карти, мислејќи дека така ќе избегнат вадење биометриски.
Постоечките лични карти во Грција немаат ограничена важност, односно на самиот документ не пишува кога истекува, додека пак замена, најчесто се врши при загуба, оштета, кражба и сл.
Надлежни за издавање на лични карти се полициските станици во местото на живеење на барателот, па така веќе подолг период во одредени места има редици за вадење на лични карти.
Целата ситуација со реакциите против новите лични карти ја коментираше грчкиот премиер на владината седница на почетокот на месецов, додека пак надлежното Министерство за заштита на граѓаните објави целосен водич со 20 прашања и одговори околу личните карти.
Мицотакис на владината седница објасни дека новите лични карти ќе го олеснат движењето, бидејќи се дел од единствениот европски систем за идентификација кој ќе стане задолжителен и истакна дека оние кои се противат и шират лажни вести се многу мал дел од грчкото општество.
-Личните карти немаат ниту чипови, ниту камери, микрофони и разни други работи што се слушаат, порача грчкиот премиер, повикувајќи ги граѓаните да не вадат лични карти од стар тип, бидејќи наскоро повеќе нема да важат.
Надлежното Министерство објави детална презентација „Реалноста за новите лични карти“ со прашања и одговори, објаснувајќи дека Грција се усогласува со европската регулатива, за која во јули добила уште едно предупредувачко писмо од ЕУ за неусогласување со регулативата.
Новите лични карти ќе почнат да се издаваат на 25 септември, а старите ќе престанат да важат на 3 август 2026 година.
Ново на Сител
-

АХВ: 560 вонредни контроли во објектите за производство на сладолед и мраз, издадени 140 решенија за утврдени неусогласности
-

Земјотрес почувствуван во Битола, Ресен и околината
-

Облачно и постудено со повремен дожд
-

Десетици делегати демонстративно ја напуштија салата на Генералното собрание на ОН на почетокот на говорот на Нетанјаху
-

Николоски: Од март следната година нова авиолинија Дубаи-Скопје, преговараме и за поврзување на Охрид со еден од аеродромите во ОАЕ
-

Две финалиња за Македонија: Андонов и Николов ќе се борат за злато на Светското во кикбокс
-

Ристески: Со намалувањето на ДДВ за горивата граѓаните заштедуваат до 350 илјади евра дневно
-

Дознале дека три од четирите деца постепено ќе го губат видот, па ги однеле на пат околу светот за да создадат спомени
