Македонија
7. February 2017 - 9:08

Дел од Автокоманда и Керамидница без вода поради дефект

ЈП Водовод и канализиција соопшти дека поради уличен дефект на водоводна цевка ф-400 мм пред влезот на пожарната во скопската населба Автокоманда, без вода од изутрината во 04:00 часот се корисниците на ул. Интернационални бригади, како и фабриките Европа и Алкалоид.

До санирање на дефектот, без вода ќе биде и ЈСП - Скопје, додека намален притисок ќе има во Пивара Скопје и во населбата Керамидница.