Декларацијата на самитот во Украина најверојатно нема да биде потпишана од сите учесници
Не се очекува сите учесници на мировниот самит во Украина во Швајцарија да ја потпишат завршната декларација, иако повеќе поради формулацијата отколку поради реалниот недостаток на поддршка, изјави австрискиот канцелар Карл Нехамер на маргините на самитот за Украина во Швајцарија, јави ДПА.
Сепак, како што рече, основниот заеднички став нема да биде засегнат.
-Затоа не сум толку загрижен ако не потпишат сите сега, рече канцеларот.
Тој додаде дека пред Русија да седне на преговарачката маса, може да се замисли уште една конференција во различен формат
-Навистина мора да го гледате како процес, рече тој.
Дводневната конференција на 92 држави и осум меѓународни организации треба да заврши попладне, кога треба да биде објавена и конечната декларација.
Целта на настанот е да се иницира мировен процес во кој долгорочно ќе биде вклучена и Русија. Официјални лица од Москва во оваа прилика не беа поканети и не изразија желба да присуствуваат.
Ново на Сител
-
Околу 9.000 вработени во „Мајкрософт“ ќе добијат отказ
-
Со сателетски снимки ги лоциравме дивите депонии во државата | Мартина и Mирко | Sitel Podcast 101
-
Пожарот во Валандовско не е ставен под контрола, се шири во два крака
-
Нетанјаху повика на целосно елиминирање на Хамас, организацијата разгледува предлог за примирје
-
Киев тврди дека руската армија егзекутирала 268 украински воени заробеници
-
Шумски пожар на вториот крак на Халкидики
-
Расправата за ребалансот продолжува утре
-
Кривична за проневера во службата и фалсификување или уништување деловни книги