-->
-->
Дејвис куп - полуфинале: По првиот ден 1-1
-->
Со мечевите во поединечна конкуренција, стартуваа полуфиналните дуели од Дејвис купот (Белгија – Австралија и Франција – Србија).
Во Брисел водство на Белгија и донесе Давид Гофин, кој го совлада Џон Милман со 3-1 во сетови, иако противникот водеше со 1-0. Во вториот меч по голема борба и меч во пет сета Ник Киргиос го победи Стиви Дарцис со 3-2 во сетови и го изедначи резултатот на 1:1.
Во Лил, на стадионот „Пјер Муро“ Душан Лајовиќ и донесе водство на Србија со триумфот од 3-1 по сетови против Лукас Пуил. Французите израмнија благодарение на победата на искусниот Жо-Вилфред Цонга над 22-годишниот Ласло Џере со 3-0 по сетови.
Денеска на програмата се мечевите во двојки, а во недела по сингл дуелите ќе бидат познати годинашните финалисти во ова натпреварување.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со доктор Злате Мехмедовиќ
-
Голем пожар во Трубарево
-
Граѓани на “Водно” бараат спас од загадувањето од депониите
-
На полноќ истекува рокот во ДИК за поднесување кандидатски листи
-
Владата планира целосно автопатско решение на Прилеп со изградба на автопат од Прилеп до Фариш преку Плетвар
-
Македонската текстилна индустрија во „Слободен пад“
-
Забрзано исчезнуваат големи количини вода од Преспанското езеро
-
Модернизација и поголема финансиска поддршка, услови за напредок на македонското земјоделство