-->
-->
Дејвис куп: Македонија со победа над Кипар го заврши настапот
-->

Тениската Дејвис куп репрезентација на Македонија со победа го заврши анстапот годинава во рамките на ова натпреварување во Третата Европска зона. Денеска во Пловдив Македонија го совлада Кипар со 2-0, а мечот во двојки не се одигра.
Победите ги донесоа Горазд србљак, кој со 2-0 во сетови (6:1 и 6:2 во гемови) го победи Николас Кембел, додека Димитар Грабул кој успеа да спаси и меч топка беше подобар од Мемелаос Ефстатоу со 2-1 во сетови. првиот сет го доби Грабул со 6:1 во гемови, потоа беше 7:5 за ривалот и во решвачкиот сет Грабул успеа да стигне до тај брек иако противникот имаше предност од еден брејк. Во тај брекот Грабул беше подобар со 7:5 на поени.
Македонија настапот го заврши со три победи (Исланд, Албанија и Кипар), а загубија само од домаќинот Бугарија.
Пласман во Втората Евро-африканска зона од турнирот во Пловдив оствари Монако откако во финалето ја совлада Бугарија со 2-1, додека од турнирот во Улцињ најуспена беше Црна Гора која како домаќин во финалето ја победи Малта со 3-0.
Македонија на овој турнир настапи без најдоброрангираниот тенисер Томислав Јотовски, кој не играше поради повреда, но треба да се напомене дека остнантите репрезентации со многу подобра поддршка се претставија во однос на таа што ја имаа македонските тенисери на организациски план.
Во секој случај ова е и реалната слика на нашата тениска репрезентација во овие услови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Во голем пожар изгореа неколку куќи и штали во прилепското село Чаниште
-

Teма на денот со Горан Ангелов, директор на Агенцијата за иселеништво
-

Пресек на состојбата со пожарите: Каде гори во Македонија?
-

Три смртни случаи од западнонилска треска за една недела – ДСЗИ проверува колку прскале општините
-

Резултатите за водата во Гостивар ќе ги објават Комуналец и општината
-

Дизелот од полноќ поскапува за 6,5 денари, бензините за 4,5 ден/литар
-

Сточарите бараат вакцинација против сипаници кај овците, АХВ најавува 500.000 вакцини од Турција
-

Вештачење за „Пулс“: Непрописен излез, двојно повеќе гости и диви градежни зафати во објектот
