-->
-->
Дејвис куп: Македонија без Јотовски отпатува за Пловдив
-->
Македонската тениска репрезентација денеска замина за Пловдив, Бугарија каде од среда ќе настапува во раките на Третата Европска Дејвис куп зона. Нашата репрезентација е во состав:
1. Горазд Србљак
2. Димитар Грабул
3. Стефан Мицов
4. Ѓорѓи Јанкуловски
Тоа значи дека Македонија ќе игра без својот најдобар играч (според ранг) Томислав Јотовски. Повредата е причината за отсуството на Јотовски. Тој има повреда на десната рака (со која игра). Јотовски ланската година на мечевите од Дејвис купот настапи повреден.
Селекторот на Македонија Чедмир Јовановски и неговиот помошник Владимир Томиќ утре ќе го имаат редовниот состанок со другите капитени на селекциите кои ќе играат во Пловдив.
Од оваа година, овие натпревари се играат на две локации (Црна Гора и Бугарија) каде вкупно учествуваат 16 репрезентации.
Учесниците на настаните беа извлекувани.
Во Бугарија ќе настапуваат следните репрезентации: Албанија, Андора, Бугарија, Кипар, Исланд, Монако, Сан Марино и Македонија.
Со натпревари се започнува од Среда и до петок се играат трите натпревари по групи, а во Сабота се игра финалниот натпревар за пласман во 2 Евро Африканска Зона и натпреварите за разигрување за пласман.
Победникот од натпреварите од Пловдив и победникот од натпреварите од Улцињ ќе се пласираат во група погоре.
Македонската репрезентација во периодот од 26.март до 1.април имаше подготовки на терените на Тенискиот клуб Југ-Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
НАТО го поздрави мировниот договор меѓу Ерменија и Азербејџан
-
Сирија одбива да учествува на состаноците со курдските сили во Париз
-
Иран го поддржа мировниот договор меѓу Азербејџан и Ерменија
-
Кабел со кој се крадела електрична енергија предизвикал пожар на куќа и бандера во Чаир
-
Пожар во автобус на ЈСП - во него немало патници
-
Исчезна 16-годишно девојче во Струмица
-
Опожарено возило во Скопје, нема повредени
-
18-годишник тешко повреден по тепачка во Чаир