Тенис
2. March 2016 - 14:30

Дејвис куп: Грабул, па Јотовски во мечевите со Ерменија

 

Тениската репрезентација на Македонија попладнево го игра првиот меч од Третата зона на Дејвис купот против Ерменија во Талин.

Во првиот меч за Македонија ќе игра Димитар Грабул, кој за ривал ќе го има Микаел Качатрјан, додека во вториот меч Томислав Јотовски ќе игра против Микаел Аветисјан (2085 место АТП).
Во конкуренција на двојки пријавени се: Јотовски и Грабул за Македонија и Аветисјан и Хенрик Никогсјан за Ерменија.