Дејвид Боуви последна „жртва“ на „проклетството на Ремзи“
Во британските медиуми веќе подолг период се води расправа за тоа што се нарекува „проклетството на Ремзи“, при што се поставува прашањето дали има вистина во сето тоа или пак станува збор за чиста случајност.
Имено, станува збор за тврдењето дека секогаш кога фудбалерот Арон Ремзи ќе постигне гол, починува некоја позната личност.
Последен во таа низа е британската музичка легенда Дејвид Боуви, кој почина во понеделникот, само два дена откако Ремзи постигна гол на натправарот на неговиот Арсенал против Сандерленд во натпревар од ФА Купот.
Приказната за „проклеството на Ремзи“ почна во 2011 година и иако нема никаков научен доказ за тоа, сепак секогаш кога Ремзи ќе даде гол, светот губи некоја позната личност.
Британските медиуми тврдат дека „проклетството“ започнало со ликвидацијата на лидерот на Ал Каеда, Осама бин Ладен, иако некои се обидуваат да го поврзат и со смртта на шпанскиот спортски новинар Андрес Монтес во 2009 година.
Меѓу оние кои починале откако Ремзи постигнал гол се и основачот на „Епл“, Стив Џобс, музичката дива Витни Хјустон, холивудскиот актер Пол Вокер, глумецот Робин Вилијамс...
Еве како изгледа листата на „жртвите“ на „проклетството на Ремзи“ што кружи на социјалните мрежи.
Ново на Сител
-
Тепачка во Виница, едно лице завршило на Клиника во Скопје
-
Наставник физички нападнал ученик во Кисела Вода
-
Тешко повреден полицаец откако во него удрило патничко возило
-
Прегазен пешак во Охрид
-
ДИК ги утврди изгледот и содржината на гласачкото ливче
-
Кашиковски: Ако не биде исплатена августовската плата, од понеделник вработените во „Флораком“ и „Луна“ повторно на протест
-
Ристески: До крајот на годината ќе бидат изречени првите казни за компаниите кои не го почитувале Законот за нефер трговски практики
-
Се прават подготовки за пуштање на топловодната мрежа за грејната сезона