Дејвид Боуви објави нов, досега најиновативен, албум
Легендарниот британски пејач Дејвид Боуви, денеска на својот 69 роденден, објави нов албум именуван „Blackstar“, кој критичарите веќе го оценуваат како негов најиновативен досега.
Албумот се темели на џез мусиката, рапавиот глас на Боуви, звукот на саксофонот, неговиот прв инструмент, и ритам секција.
На Боуви при создавањето на албумот му помагал познатиот американски саксофонист Дони Меккаслин, кој го истражува звукот во полето на модерниот џез фанк и електронската музика.
Во две песни учествувал и Џејмс Марфи, движечката сила на бендот „ЛЦД Саундсистем“, кој во 20-от век важеше за еден од најважните претставници на електронската музика.
На 25-от студиски албум на Боуви има седум песни. Насловната трае 10 минути и говори за смртта и религијата. Слична е и песната „Lazarus“, која Боуви ја напиша за истоимениот мјузикл, и која ја издаде минатиот месец како сингл и со неа го најави новиот албум.
Последниот албум, пред овој, „The Next Day“, Боуви го издаде во 2013 година, по десетгодишниот дискографски прекин. И тогаш својот прв сингл „Where Are We Now" го објави на својот роденден.
Ново на Сител
-
Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат
-
Еруптираше вулканот Ибу во Индонезија
-
Тројца уапсени во Велика Британија поради соработка со разузнавачката служба на Хонг Конг
-
Во Косово досега попишани над 1,42 милиони лица, дел од Србите „се двоумат“
-
Албанија „ќе увезе“ 40.000 работници од Филипините
-
Приведен криминалец баран со потерница
-
Постепено забрзување на економскиот раст и просечна инфлација од 3,5 отсто, предвидува Народната банка
-
До четврток посвежо со локална нестабилност и пообилни врнежи