Дејвид Бекам донираше 100.000 долари на сиромашно семејство

Дејвид Бекам многу одамна докажа дека е голем фудбалер, а сега докажа дека е и голем човек, откако на на едно сиромашно семејство од Калирфорнија му донираше дури 100.000 долари.
Поранешениот фудбалер учествуваше во телевизиската емисија „Knock Knock Live“ во кое познати и славни личности им тропаат на врата на сиромашни семејства без претходна најава, а потоа им го олеснуваат тешкиот живот со финансиски средства.
Бекам беше во домот на семејството Гонзалез. Таткото Виктор самиот бил фудбалер, но морал да ја прекине кариерата и да се вработи на градилиште за да го прехрани семејството. Заради работата семејството го гледа еднаш месечно.
Кога виделе кој е на вратата, членовите на семејството биле воодушевени. Бекам им се претставил, а тие со насмевка одговориле: „Занаеме кој сте Вие“.
- Ми кажаа се за Вашето семејство, мило ми е што сум во вашиот дом, рече Бекам пред да му го даде на Виктор чекот од 100.000 долари.
Членовите на семејството Гонзалез плачеа од среќа, а Бекам покрај чекот ги изненади и со подароци.
Ново на Сител
-

ВМРО ДПМНЕ со предлог закон - пратеник да има само македонско државјанство
-

Тема на денот Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ
-

80 години Драмски театар
-

Минчев: Модерна јавна администрација за побрза интеграција во ЕУ
-

Владата одлучи: Вештачките ѓубрива со маржа до 5%, органските до 10%
-

Укинувањето на Пржинската влада влезе во Собрание
-

Што ќе испорача собранието за ЕУ по политичката влада во Софија?
-

Фетаи не доаѓа во Влада - Алиу вели: Не е во државата
