Дејли телеграф: Парламентот не мора да гласа за Брегзит
Британската премиерка Тереза Меј нема да дозволи во Парламентот да се одржи гласање за Брегзит пред формалното покренување постапка за излегување на Велика Британија од Европската унија, објави денеска „Дејли телеграф“.
Според овој конзервативно-ориентиран весник, Меј на противниците нема да им пружи шанса да ја блокираат одлуката за излегување од Унијата. Таа консултирала правници кои велат дека Меј има овластување да го покрене Брегзит и без одобрување на Парламентот.
Повеќето од 650 пратеници се за останување на Британија во ЕУ.
Резултатот од референдумот не е правно обврзувачки и противниците на Брегзит тврдат дека избраните пратеници треба да ја преиспитаат оваа одлука пред да почне процесот.
референдумот за ЕУ беше одржан на 23 јуни, но британската премиерка нема да го активира Членот 50 со кој почнува постапката за излегување од ЕУ до крајот на годината, со цел да има време да подготви излезна стратегија.
Ново на Сител
-
Венко Филипче е единствениот кандидат за лидер на СДСМ на внатрепартиските избори
-
Претседателката ја поздрави засилената дипломатска активност на премиерот
-
ВМРО-ДПМНЕ: Ги напаѓа ли Филипче САД преку Сашо Орданоски?
-
Преглед на вестите од светот
-
Ново судење за убиствата на Вања и Панче - се презентираат видео снимки од домот на обвинетиот Манев
-
Безбеден град: И полициски возила со паметни камери ќе детектираат погрешно паркирање
-
21-ви февруари, Меѓународен ден на мајчиниот јазик
-
СДСМ: Зошто уште не е формиран инспекторат за употреба на македонскиот јазик?