„Дејли Стар“: Има опасност дека 5Г мрежата води до стерилитет кај мажите
Постои загриженост дека зголеменото ниво на електромагнетно зрачење во Велика Британија со зголемувањето на покриеноста на 5Г мрежата низ целата земја може сериозно да влијае на плодноста кај мажите, објави „Дејли Стар“.
Со поставувањето на 5Г мрежата во Велика Британија, чие поставување почна минатиот мај, предизвика протести на оние кои веруваат дека повисоки нивоа на електромагнетно зрачење (ЕМИ) во атмосферата се опасни и оти е неопходно да бидат тестирани како влијаат на здравјето.
Во писмо, доставено до Даунинг стрит минатата недела, се повикува премиерот Борис Џонсон да започне истрага за „утврдување на вистинското влијание на системите за безжични комуникации врз здравјето на населението во Велика Британија“.
„Исклучително сме загрижени за ранливоста на нашите млади мажи и адолесценти од штетните ефекти на пулсирачкото зрачење на радиофреквенцијата“, се вели во писмото доставено со две петиции, од кои едната потпишана од 268 лекари и научници.
„Проучувањата покажуваат дека ова нејонизирачко зрачење предизвикува оксидативно оштетување на ДНК во клеточните системи и ова може да биде особено штетно за репродуктивниот систем на млади момчиња, адолесценти и млади мажи“, се истакнува во писмото.
Ново на Сител
-
Сончево и потопло со мала до умерена облачност
-
Трамп најави дека ќе воведе смртна казна за секое убиство во Вашингтон
-
Трендафилов: Загрижува што нема договор за зголемување на минималната плата
-
Се проширува истрагата за Епстајн: На удар „роденденската книга“
-
Мерц: Путин користи „стратегија на одложување“ за да избегне состанок со Зеленски
-
ЦУК: Вкупно 10 пожари на отворено до 18 часот, три под контрола, седум изгаснати
-
Без вода утре делови од општина Ѓорче Петров
-
Странски државјани приведени на „Табановце“, носеле бела прашкаста материја и таблети