„Дејли Бист“ пишува за Хашим Тачи како за шверцер на органи
Бен Карсон, еден од кандидатите на Републиканската партија за претседателската номинација во САД, пред изборите во Ајова, заедно со претставниците на својата екипа се состанал со Хашим Тачи, осомничен за трговијата со човечки органи, напиша американскиот портал „Дејли бист“.
Во написот насловен „Состанок на тимот на Карсон со наводен шверцер со органи“, американскит портал го пренесе соопштението на тимот на Карсон за состанокот на кој бил истакнат „посебниот однос меѓу Косово и Ајова“, каде неодамна беше отворен косовски конзултат.
Со Тачи, како што се наведува во соопштението, се состанал и водечкиот човек на кампањата на Карсон, генерал Боб Диз, кој во текот на својата воена кариера служел во силите ан НАТО на Косово.
„Во соопштението, меѓутоа, пропуштено е да се спомене дека Тачи бил наведен како шеф на албанската група која шверцувала дрога, оружје и човечки органи низ источна Европа, како што се наведува во истрагата на Советот на Европа од 2010 година за организираниот криминал“, се наведува во американскиот портал.
Во текстот се потсетува на извештајот на британскиот весник „Гардиан“, во кој Тачи беше означен како шеф на криминална мрежа на Косово.
На прашањето на новинарите упатено до Лари Рос, директорот за комуникации на Карсон, дали во кампањата знаеле за криминалните активности од минатото на Тачи, тој прво кажа дека „тимот задолжен за кампањата не знаел дека Тачи бил член на Ослободителната војска на Косово“.
На прашањето дали луѓето од кампањата конкретно знаеле за наводите за шверцување човечки органи, Рос ја сменил изјавата.
„Мојот одговор требаше да гласи: Тимот знаеше дека Тачи пред да стане член на Владата бил член на Ослободителната војска на Косово“, напиша тој во писмената порака.
Ново на Сител
-
Самит на ЕПП во Брисел, неизвесна средба Мицкоски - Борисов
-
Пратенички прашања за опозицијата
-
Од Нова година поскапува струјата
-
Со писмо до Таравари и Мицкоски 30 доктори од Клиниката за деца “Козле” бараат смена на директорката – таа демантира
-
Загаден воздух: Инспектори ќе ги тресат индустриските капацитети во државата
-
Арачиново повторно под полициска опсада - Пронајдено автоматско оружје, пушки, муниција
-
Реформи во системот за кризи
-
Акција на МВР во Арачиново