Дејан Цветковски го фати крстот во Пехчево
Најсреќен од десетината млади момчиња кои скокнаа по светиот крст во реката Писа во центарот на Пехчево беше 24-годишниот Дејан Цветковски. Тој вторпат го фаќа крстот на традиционалното осветување на водите на реката Писа.
Цветковски на сите православни христијани им го честиташе празникот Богојавление и посака многу среќа, радост и здравје. Од Општина Пехчево доби ЛЦД телевизор што како награда традиционално го доделува Општината.
- Ја користам оваа прилика да им посакам на сите православни верници многу здравје, среќа и успех во животот. На Дејан му посакувам светиот крст да му донесе многу лични успеси на него и на неговото семејство, истакна градоначалникот Игор Поповски.
На церемонијата претходеше водосвет во црквата „Св. Петар и Павле“ каде голем број верници беа присутни на свечената Богојавленска литургија. За многубројните посетители на оваа манифестација, која од година во година станува сѐ помасовна. Општина Пехчево и годинава обезбеди топли пијалоци за сите присутни.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Никола Димитров, екс министер за надворешни работи
-
Состојба со пожарите во Трубарево и Дрисла
-
Состојба со пожарите во Трубарево и Дрисла
-
Четири лица завршија на токсикологија од пожарот во Трубарево – утре ќе се знае колку и со што е загаден воздухот
-
Партиите со меѓусебни обвинувања за пожарите и штетниот воздух
-
312 кандидати за градоначалници во 80 општини и Скопје, 18 се за главниот град
-
Сашко Јанчев од Левица удрил во двајца малолетници на мопед и е приведен во полиција
-
Хаос во образовниот процес во Кочани