Дехари: Го поддржувам предлогот за укинување на изолацијата за дијаспората при влез во земјава
Градоначалникот на Општина Кичево Фатмир Дехари денеска изјави дека ја поддржува иницијативата на министерот за економија Крешник Бектеши кој бара олеснување за дијаспората при враќање во државава.
Дехари вели дека иницијативата на Бектеши, за укинување на 14-дневната мерка за изолација за нашите сограѓани од дијаспората треба да биде поддржана од сите.
-Ваквото олеснување е можност нашите сограѓани да се вратат во својата татковина без никакви пречки. Ова позитивно ќе влијае на растот на државниот и локалниот развој на економијата.Тие се наши родители, наши браќа и сестри, тие заслужуваат повеќе од секој да имат институционален третман и олеснување , вели Дехари, објаснувајќи ја поддршката на предлогот што ќе биде испратен до Комисијата за заразни болести за да се олесни протоколот за пристигнување на печалбарите во земјата.
Ново на Сител
-

Одобренија за нови 1030 станови, половина во Скопје
-

Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-

Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане
-

Прв конгрес на Српската демократска лига
-

Доживотен затвор за серискиот убиец од кумановско
-

Владата пресмета колку пари месечно му требаат на четиричлено семејство
-

2,1 милион евра за изведувачите за прославата за независноста - индивидуалните хонорари тајна
-

Бугарија е против квалификувано мнозинство во ЕУ
