Loading Video...
Македонија
31. December 2015 - 16:09

Дедо Мраз за најмалите пристигна во Скопје

Дедо Мраз пристигна во Скопје. Со  коњ, во кочија, без снег,  но со многу работа, да ги исполни детски желби, да подели пакетчиња и подароци .

Најмалите најискрени и скромни во своите барања.

Забавата на скопскиот плоштад започна 12 часа пред истекот на старата и дочекот на новата година. Најлудата ноќ секој ќе си ја дочека според можнсотите и желбите. 

Помладите во диско, повозрасните во семејна атмосфера.

Стотици милиони луѓе во светот, вечер на плоштадите во своите градови, во туристичките центри, во кафеани, диска, пабови или во својте домови ќе ја испратат 2015 и дочекаат 2016 година.

Новогодишната програма на скопскиот плошта започнува воп 21 часот.

Граѓаните ќе се забавуваат со Оливер Драгојевиќ и Тамара Тодевска а на полноќ ќе има  богат огномет.