Дедо Мраз се заглави во снегот: Пожарникарите се зачудија кога го видоа

Повикани да му помогнат на возач кој заглавил во снегот, пожарникарите малку се изненадиле кога се нашле лице в лице со Дедо Мраз.
-Со години спасувам луѓе во неволја, но никогаш не мислев дека ќе го спасувам Дедо Мраз, вели низ шега Џозеф Мекри, шеф на пожарната бригада во Лоун Пик, во американската држава Јута.
Настанот се случил на 25 дкември, на Божик според Грегоријанскиот календар. Пожарникарскиот дом добил повик да му помогне на човек кој останал блокиран во снегот откако моторот од автомобилот му се запалил.
Кога стигнале до него, пожарникарите се зачуделе кога откриле дека станува збор за славниот дедо во црвено одело. Всушност тоа бил 66-годишниот Стивен Мејси кој секој Божик се маскира во Дедо Мраз за да им подели подароци на сиромашните во округот.
Годинава, моторот на неговиот стар автомобил се запалил додека безуспешно се обидувал да се искачи на стрмна угорница. Исплашен да не дојде до експлозија, Мејси брзо скокнал од автомобилот и со телофонот повикал помош.
Неколку минути подоцна, пожарниакрите го изгаснале пожарот, а потоа сите заедно се сликале со Дедо Мразот. Бидејќи неговиот автомобил бил неупотреблив, љубезните пожарникари со нивно возило го однеле Дедо Мраз да ги подели подароците.
-Па не се остава Дедо Мраз покрај патот, вели Мекри, додавајќи дека го советувал Мејси од идната година при обиколката на децата да ги користи „добрите стари санки“.
Ново на Сител
-

Kaрдиолошкиот центар со нова метода за третман на периферна артериска болест
-

Андоновски: Се подготвуваме за електронски попис
-

Велигденски базар во домот за стари лица „Мајка Тереза“
-

Ристески: Ќе се субвенционираат и оние предадени килограми тутун кои ја надминуваат количината од договорот
-

Католичките верници ги почнуваат Велигденските празнувања
-

Преглед на вестите од светот
-

Институциите го зајакнуваат системот за интегритет, практичната примена останува предизвик
-

Тема на денот со Благојче Атанасовски, аналитичар
