-->
-->
Дечко ми е мигрант од Сирија, се вика Аднан и многу го сакам: Смилјана открива како ја запознала љубовта на својот живот!
-->
Смилјана Ѓорѓевиќ (35) од Белград, заминала пред една година службено во Германија. До тогаш во Белград имала приликa да се сретне со мигранти, но како што вели и самата било незамисливо да се впушти со некој од нив во љубовна романса.
- Се запознавме на железничка станица во Хановер. Го пропуштив возот, дечкото беше на станицата и виде дека буквално ми избега пред носот, ми пријде и ми рече дека следниот ќе дојде за 20 минути. Ме праша дали може да се запознаеме изненадувајќи со добар англиски. Рече дека се вика Аднан - рекла за телеграф.рс Смилјана.
- Беше облечен во светли чисти фармерки и бела испеглана кошула. Уште кога проговоре на перфектен англиски сигурна бев дека не е мигрант, но веднаш потоа ми рече дека е од Сирија и дека во Германија дошол да бара азил. Го прашав од каде пегла? Се насмеа и ми рече дека добро се грижат за нив и дека дури имаат и пегла. Збореше насмевнувајќи се - кажала 35-годишната белграѓанка.
- Аднан е мигрант од Сирија во Германија околу една година. Поднел барање за азил и сеуште чека одобрение, а тоа е процедура која долго трае. Минува низ период на асимилација, учи јазик и чека. Ми рече дека штом поднесе барање за азил, секој месец добиваат по 600 евра, што им овозможува нормален живот. Таму не плаќаат сместување и храна.
- Тој е архитект. Тоа ми го кажа откако се зближивме. Ми кажа дека му е глупо да зборува за тоа, бидејќи дека гледа дека многу од нив кажуваат намерно дека се образовани и дека завршиле разни факултети но всушност лажат. Не ни сонував дека можам некогаш да сретнам некој како него, и дека ќе ми рече дека е мигрант. Такви момчиња нема во Белград, или пак умешно се кријат, а можеби сум немала среќа да наидам на некое такво фино добро и нормално момче. Почнав навистина да верувам во судбина - заклучила заљубената девојка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Уапсен руски милијардер поради серија убиства
-
Судијката Диана Груевска Илиевска ќе го води судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани
-
Најверојатно е Македонец загинатиот во експлозија во стан во Белград, подготвувал бомба за ликвидација на дилер на дрога
-
Поднесено обвинение против лице за демнење на неговата поранешна сопруга
-
Трамп со ултиматум до Хамас: Имате рок до недела во 18 часот или пеколот ќе се урне врз вас
-
Маж во Ѓорче Петров ја тепал и давел својата партнерка која од повредите изгубила свест
-
Пет држави, еден тим: Кога продажбата не знае за граници, различностите создаваат резултати
-
Апел за донации за лекувањето на студентот Спасение Анчески во Загреб