Децата со аутизам се дружеа со своите врсници од Кавадарци

Децата со аутизам се дружеа со своите врсници денеска во Кавадарци, како дел од проектот „Во мојот свет“, што е финансиран од Европската Унија, а имплементиран од УНДП и Здружението „Чекор кон Европа“, преку програмата ReLOaD. Проектот беше одобрен по јавен повик од Општината Кавадарци.
– Целта е интеграција на децата со аутистичен спектар и децата со посебни потреби во општеството, на еден повисок степен. За таа цел проектот обезбеди шест персонални асистенти за исто толку дечиња со аутистичен спектар и посебни потреби, кои учат во три основни училишта во Кавадарци, информираше Тодор Ефремов од Здружението.
Настанот, како што рече, има за цел да ја подигне јавната свест за тоа дека овие дечиња се дел од општеството. Истовремено, секој да се запраша што е тоа, што може да се направи за нивниот живот да биде подобар во заедницата.
– Ова е само еден мал чекор што го направи ова Здружение. Морам да нагласам дека овој исчекор е направен, овој проект е инициран од родители на деца со аутистичен спектар. Иако проектот трае осум месеци, ќе биде добар показател за и во иднина да се покаже ваква грижа за оваа категорија и инклузија на маргинализираните во општеството, нагласи Ефремов.
Општина Кавадарци учествува со 25 проценти во буџетот на овој проект. На средбата беа и директорите на училиштата, дефектолозите кои работат со овие деца. Ефремов упати повик и до другите институции да размислат, што е тоа што тие можат да го направат, за подобар живот на овие деца во иднина.
-Здружението ќе прави напори и во иднина, преку други донации и извори на финансирање, да реализира вакви и слични проекти. Со цел да продолжи поддршката за овие деца, па и да се прошири на институционално ниво, додаде Ефремов.
Ново на Сител
-

Медиуми во Австралија: Крвавиот напад на плажата Бонди го извршиле Саџид и Навид Акрам
-

На грчки брод откриени неколку тони кокаин
-

Предлогот за разрешување на јавниот обвинител Коцевски утре на собраниска седница
-

Фудбалер на македонскиот фудбалски клуб Рокдејл Илинден убиен во пукањето во Сиднеј
-

Зголемено нивото на водата во повеќе реки во земјава
-

Австралискиот премиер предлага построги закони за оружје по масовното убиство на плажата Бонди
-

Богати празници со „Лото 7“: 7-ка над 1 000 000 евра може да оствари повеќе од еден сон
-

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
