Деца од Кратово и Злетово креираа театарски претстави на отворено
Десетици дечиња од Кратово, Крилатица и Злетово имаа можност пет дена да уживаат во магијата на театарот, креирајќи театарски претстави на отворено. Овие активности се спроведоа во рамки на проектот „Триаголници на соработка“, реализиран од независниот театарски колектив „Буден тетатар“. Крративните работилници, проследени со многу сме и весело расположение, се одржаа во Кратово, Злетово, Лесново и локалитетот „Камени кукли“ во Куклица.
Во изминативе неколку месеци менторите од Буден тетатар обучуваа локални млади луѓе да спроведуваат културни програми за деца во основните училишта. Во завршната фаза, се спроведуваа детски креативни кампови.
Тимот на Буден театар се надева дека преку проектот ќе се поттикне одржлив модел на соработка село-град-село, како и подобрување на квалитетот на културни содржини наменети за деца од руралните области.
Проектот „Триаголници на соработка“ финансиски е поддржан од Амбасадата на Швајцарија, односно швајцарската агенција за развој и соработка.
-
Оливер Арсовски
Сите содржини од овој новинар