Деца од 10 земји ќе учествуваат на годинашното издание на кампот ,,Кирил Лазаров 7"
Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров трета година во низа ќе работи со идни потенцијални македонски репрезентативци.
Имено од 20 јуни до 2 јули во Охрид ќе се одржи трет интернационален ракометен камп ,,Кирил Лазаров 7".
Годинава на кампот ќе присуствуваат над 300 деца не само од Македонија туку и од целиот регион, но и европските земји, а за прв пат на кампот ќе има и деца од САД.
Упесниците ќе бидат поделени во две смени првата од 20-26 јуни и втората до 26 јуни до 2 јули, а ќе бидат поделени во групи по годишна возраст од 10 до 17 години.
Лазаров на средбата со новинарите не го криеше задоволството од досега сработеното и вети дека овој камп од година во година ќе биде уште повеќе посетен.
,,Задоволство е да се гледаат толкав број на деца кои изразуваат огромна љубов кон ракометот. Ме радува што овој проект е препознатлив во целиот свет, за што најдобро говори и податокот дека на кампот ќе учествуваат деца од 10 земји. Тие ќе имаат можност да работат врвни тренер. Впрочем. На овиј камп децата доаѓаат да ги научат тајните на ракометот, а потоа да се дружат и забавуваат", изјави Лазаров на денешната средба со медиумите.
Годинашни гости на кампот ќе бидат и еминентни стручњаци кои работат во најголемите светски ракометни лиги. Меѓунив ќе бидат и напите тренери Данило Брестовац кој работи во Франција, Наташа Коцевска која е тренер во германскиот бундес-лигаш Борусија Дортмунд, како и двајца еминентри тренери во работата со младите категории од Данска.
Ново на Сител
-
Двојно убиство попладнево во скопско Стајковци
-
Анкета на ИРИ: 68% од Македонците поддржуваат членство во ЕУ
-
„Епл“ ги претстави новите „Ајпад про“ таблети
-
„Опен-АИ“ со новости околу „Чет-ГПТ“
-
Словенец ќе биде главен судија во финалето на Лигата на шампионите
-
Гвардиола: Да беше до парите, Јунајтед требаше да ги освои сите титули
-
Разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски
-
СИРИЗА ќе ги поднесе во грчкиот Парламент трите меморандуми со Северна Македонија