Дебрца ја доби првата битка во борбата против изградбата на регионална депонија кај Годивје
Општина Дебрца ја доби првата битка во активностите што ги спроведува против плановите за изградба на регионалната депонија за цврст отпад во атарот на селото Годивје.
Како што појаснува градоначалникот на општината Зоран Ногачески, добиено е позитивно решение по жалбата што општината ја поднесе против начинот на кој била донесена Студијата за оцена на влијанието врз животната средина за оспоруваната локација кај Годивје.
Ногачески во име на општината го оспорил проектот за „Воспоставување на систем за интегрирано управување со отпад вo Југозападниот плански регион”, во кој токму атарот на селото Годивје беше посочен како локација на регионалната постројка за третман на цврст отпад.
Тој испратил жалбено барање до Државната комисија за одлучување во управна постапка, во кое посочува оти Студијата за оцена на влијанието врз животната средина и другата потребна документација од страна на ресорното Министерство за животна средина и просторно планирање се донесени во нетранспарентна постапка, без да се земат во предвид мислењета на засегнатите страни и со непочитување на одредбите на Законот за животната средина.
Комисијата за одлучување во управна постапка го уважило жалбеното писмо, донела одлука за поништување на решението на МЖСПП и предметот го враќа на повторно разгледување.
– Она што го тврдевме сега доби и правна потврда од надлежен државен орган. Борбата продолжува, е коментарот на градоначалникот на Дебрца по таквото решение.
Инаку, граѓаните на Дебрца се спротивставија на предлог-локацијата за изградба на депонија кај Годивје уште од самото презентирање на проектот, најавувајќи дека нема да дозволат изградба на депонија во еколошка чиста средина. Нивната решеност ја потврдија на референдумското изјаснување спроведено во октомври 2017 година заедно со локалните избори. На референдумот против изградба на депонија на нивна територија се изјаснија дури 87 отсто од оние граѓани на Дебрца што излегоа на гласање.
Ново на Сител
-
Истражна постапка против возачот на мотор кој го прегази Југослав Николовски
-
На граничните премини Богородица и Табановце се чека од 20 до 30 минути
-
Зеленски и Трамп се договорија за зајакнување на воздушната одбрана на Украина
-
Акцијата во која беа откриени шест килограми амфетамин е резултат на напорите на МВР во сузбивањето на трговијата со дрога, оцени Тошковски
-
МВР апелира граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки
-
ОЈО: Откриено поголемо количество амфетамин во Скопје, отворена постапка против шест лица
-
Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита
-
Полициски службеник од Гостивар фингирајќи кражба одзел предмети претходно запленети при претрес