Дебрани ја продолжуваат традицијата за Божик
Со палење коледарски оган спроти Бадник, православните Македонци во Дебар го почнаа одбележувањето на еден од најголемите празници, Христовото раѓање - Божик.
И покрај дождот не изостанаа и звуците на дебарските зурли и тапани и орото покрај коледарскиот оган. И повозрасните и младите велат дека ја продолжуваат традицијата.
- Ја продолжуваме традицијата наследена од нашите претци. Мило ми е што и младите ја продолжуваат традицијата. Иако се на школување или работа во други градови тие за овој празник се тука. Посакувам мир, благососојба, здравје, среќа за сите сите, вели Илина Трајаноска чие семејство беше најсреќно бидејќи им се падна паричката од бадниковото лебче кое го подготви годинешниот кум, семејството на Љупчо Петревски.
По традција денеска попладне намесникот на Дебарската парохија, Благоја Спироски, со членови на Црковниот одбор и верници, пред се млади, ќе ги сечат бадниковите гранчиња. Потоа тие се носат во црквата Успениие на Пресвета Богородица во горниот дел на градот, како што било со векови, ќе се одржи богослужва во чест на Христовото раѓање, по што осветените гранчиња ќе бидат раздадени на верниците.
Утре и во наредните денови богослужби ќе бидат одржани во црквата Света Петка.
Богослужби се одржуваат и во македонското древно светилиште Бигорскиот манастир, каде што вечерва ќе има и сеноќно бдение.
И за овој празник нема да изостанат и меѓусебните посети на роднини, а според дебарската традиција верниците од исламска релгија, соседи, пријатели, колеги, ќе бидат гости кај нивните православни сограѓани.
Ново на Сител
-
Протест на жителите на Аеродром против депонијата Вардариште
-
Teма на денот со Наќе Чулев, поранешен министер за внатрешни и поранешен директор на АР
-
Филипче: Разбирам зошто граѓаните се загрижени, но ЕУ процесот мора да продолжи
-
Студентите бараат зголемување на износот за субвенциониран оброк
-
Екс директорот на АНБ негира незаконско следење на комуникации, Мицкоски вели - сите ќе одговараат
-
Се води истрага кој го подметнал пожарот на Вардариште, надлежните си ја префрлаат одговорноста
-
Почна селекцијата за судија во Стразбур
-
Две години затвор за Љамалари за нападот врз градоначалничката Арсовска