-->
-->
Дебитантите Блокотехна и Гостивар во дуел на непоразените
-->

Двете непоразени екипи во домашното, македооско кошаркарско првенство, Блокотехна и Гостивап попладнево ќе го одиграат својот меч од 5.коло во прволигашката конкуренција.
Најпријатините изненадувања кои во изминатите четири меча остварија исто толку победи ќе играат во Гевгелија во терминот од 13 часот.
И Работнички кој има максимални четири победи својот меч од оваа рунда против Шкупи ќе го игра вечрва од 19 часот.
На вчера одиграните средби, тимот на Карпош Соколи на гости кај Кожув оствари убедлива победа со 109-78. Во Кавадарци, Фени Индустри не дозволи изненадување во дуелот против Струмица која ја совлада со 81-63. Најинтересниот меч се одигра во Битола, каде АВ Охрис со кош во последната секунда го победи Пелистер со 58-57.
Дуелот Куманово – МЗТ Скопје А. ќе се игра во четврток (9 ноември) поради настап на МЗТ Скопје во регионалната АБА лига.
Табела:
- Карпош Соколи 4-1 (победи-порази),
- Блокотехна 4-0,
- Работнички 4-0,
- Гостивар 4-0,
- Фени Индустри 3-2,
- АВ Охрид 3-2,
- МЗТ Скопје 2-2,
- Куманово 2-2,
- Пелистер 1-4,
- Струмица 0-5,
- Кожув 0-5,
- Шкупи 0-5.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ангелов: На ДЗС и се потребни поранешни припадници на полицијата, армијата и противпожарните единици
-

СП 2026: Норвежаните носат 300 килограми риба и познати готвачи
-

33-годишник со месеци силувал малолетничка додека престојувал во нивниот дом во светиниколско
-

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи
-

ФФМ ќе чека судска одлука за „случајот Башкими“
-

АПИС: Предложениот Закон за игри на среќа е недозволиво да се носи набрзина
-

Николоски: Железничкото поврзување со Бугарија ќе биде завршено до 2031 година
-

Трамп упати остри закани до Техеран: Иран премногу одолговлекуваше во преговорите, сега ќе мора да плати
