Дебати за програмата „Креативна Европа“ на ЕУ во рамки на Македокс и СВП

Канцеларија на Креативна Европа - Култура и МЕДИА при Министерството за култура и Агенцијата за филм на Република Македонија, во соработка со Министерството за култура на Република Бугарија (Канцеларија на Креативна Европа – Култура) и Канцеларијата на Креативна Европа - МЕДИА на Република Чешка, ќе учествуваат со презентации и дискусии во рамки на Фестивалот за креативен документарен филм „Македокс“ и Фестивалот „Струшки вечери на поезијата“ (во склоп на Европската поетска платформа „Версополис“).
Двата фестивала, соопшти Министерството за култура, се поддржани од Програмата Креативна Европа.
Презентациите и дискусиите ќе бидат посветени на актуелните теми и прашања поврзани со спроведувањето на двете потпрограми на Креативна Европа - Култура и МЕДИА. Ќе се дискутира за меѓусекторските достигнувања на Програмата „Креативна Европа“, за препораките за Програмата по 2020 година, среднорочната евалуација на категоријата „Платформи“, ќе се презентираат информации за категоријата „Проекти за соработка“ и „Европската година на културно наследство 2018“, како и модели за барање на партнери и др.
Во рамки на „Македокс“ утре во 11 часот во црквата „Св. Спас“ (Сала на музејска поставка на Гоце Делчев) ќе се одржи Фестивал за креативен документарен филм и дискусија за Креативна Европа (МЕДИА и Култура) на која ќе учествуваат Павлина Каландрова од Канцеларија на Креативна Европа (МЕДИА) на Република Чешка, Владимир Стојчески и Билјана Прентоска Канцеларија на Креативна Европа (МЕДИА и Култура) на Република Македонија.
Во рамки на програмата на Струшките вечери на поезијата, задутре во 16:30 часот ќе се одржи дискусија за Креативна Европа по 2020, на која ќе учествуваат Билјана Прентоска од Канцеларија на Креативна Европа- Култура на Република Македонија, Весела Кондакова од Канцеларија на Креативна Европа- Култура на Република Бугарија, Павлина Каландрова од Канцеларија на Креативна Европа (МЕДИА) на Република Чешка, Владимир Стојчески од Канцеларија на Креативна Европа (МЕДИА) на Република Македонија и претставници на организациите вклучени во платформата „Версополис“ поддржана од програмата „Креативна Европа – Култура“. Повеќе информации за Платформата има на http://www.versopolis.com .
Ново на Сител
-

ЦУК: До 18:00 часот вечерва во државата се регистрирани 11 пожари на отворен простор, еден е активен, а 10 се изгаснати
-

Собранието ја изгласа потребата за носењето на Изборниот законик по скратена постапка
-

Италија и Балканот се соочуваат со топлотен бран
-

Трамп: Состанок со иранските претставници ќе се одржи утре во Доха
-

СП2026: Досега 4.64 милиони гледачи
-

Уапсен еден од најмоќните мафијашки шефови во Европа, Дон Мико
-

Уапсени шест возачи за безобѕирно управување возило, од нив двајца малолетници
-

Погребот на Владо Јаневски ќе биде одржан во среда на Градските гробишта во Бутел
