Дебата за заштитата на личните податоци во функциjа на бизнис секторот
„Заштитата на личните податоци како едно од приоритетните прашања во функционирањето на бизнис секторот“ е темата за која денеска во Битола ќе дебатираат претставници на Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Стопанската комора на северозападна Македонија и Сојузот на стопански комори на Македонија.
На проектот, кој е во организација на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива, а имплементиран од ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал, информативната сесија ќе биде разработена од страна на искусен предавач по што ќе се одвива дискусија со присутните.
Според организаторите, настанот има за цел поблиску да ги запознае присутните со процедурите за заштита на приватноста на податоците преку давање насоки, како и мислења во согласност со законските прописи, со цел низ дискусија со приватниот сектор и низ процес на јавно приватен дијалог да се иницираат конкретни решенија кои ќе обезбедат поефикасна контрола над пазарот и воедно креирање на предвидливо деловно опкружување за компаниите.
Ново на Сител
-
Во Македонија најчесто се гласа партиски и етнички
-
Тема на денот со Марко Бислимовски, претседател на РКЕ
-
ДЗСИ бара одговорност кај здравствените работници во Прилеп за смртта на близначињата
-
Со донации и анекси на договорите ќе се надминува недостигот на биолошка терапија на Онкологија
-
Македонија нема систем за справување ни со поплави, ни со пожари
-
Оглас за избор на претседател на Врховен суд
-
Се води истрага дали бегството на Артан Груби било организирано
-
СДСМ: Скандалозен тендер во СОЗР