Македонија
8. February 2018 - 8:49

Дебата за пристап до информации и заштита на лични податоци

Тркалезна маса „Пристап до информации и заштита на лични податоци – можности и предизвици на локално ниво“ ќе се одржи денеска во Струмица во организација на Аналитика Тинк Тенк.

На настанот ќе се разговара за транспарентноста на институциите на локално ниво и улогата на граѓанскиот сектор на локално ниво за поголема отвореност и ефикасност на институциите.

На настанот, како што информираат организаторите, ќе биде промовиран извештајот од следењето на работата на Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер и Дирекцијата за заштита на лични податоци.