Дебата за младите и иновациите
Предавање и дебата на тема „Младите и иновации“ ќе се одржат денеска на Машинскиот факултет во Скопје, како дел од третото издание на манифестацијата „Ноќ на идеите“, што ја организира Францускиот институт во Скопје.
На средбата, која годинава е посветена на „Моќта на креативноста“ ќе биде претставена високообразовната установа Школа 42, чиј педагошки директор Оливје Крузе, ќе зборува за дигиталната трансформација во образованието и ќе го претстави најголемиот европски стартап инкубатор Станица Ф.
Презентација ќе има и единствениот студент од Македонија на Школата 42 Волхан Салаи, профосорот од Машински факултет Радмил Поленаковиќ ќе зборува за состојбата со иновациите на домашен план, а најавено е учество и на Кристијан Данаиловски, ко-основач на најголемата македонска компанија за анимации - FX3X
Настанот ќе го отвори амбасадорот на Франција во Македонија Кристијан Тимоние.
„Ноќта на идеите“ се организира во соработка со Машински факултет, Факултет за електротехника и информациски технологии, Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство и Фондација „Проф. д-р Димитар Стамболиев“.
Ново на Сител
-
Претседателката Сиљановска Давкова формираше Совет за млади
-
Две нови инвестиции до крајот на месецот и 500 нови работни места, најави Мицкоски
-
На италијанскиот бизнисмен Бечети исплатени 110 милиони евра, најголема отштета што Албанија платила досега
-
Полицијата расчисти два напада со нож во Скопје во кои беа повредени двајца малолетници
-
Намален откупот и продажбата на земјоделски производи
-
Нови израелски напади врз упоришта на Хезболах во предградија на Бејрут
-
Зеленски: Киев треба да стори сé што е можно да се стави крај на војната по дипломатски пат
-
Земјотрес почувствуван во Дојран