Дебата за креирање безбедни и здрави работни места
Дебата за унапредување на бипартитниот дијалог за безбедност и здравје при работа во компаниите за креирање безбедни и здрави работни места ќе се одржи денеска во организација на „Македонското здружение за заштита при работа“ во соработка со „Сојузот на Синдикатите на Македонија“.
Целта на јавната дебата, како што информираат организаторите, е да се отвори дискусија за мислењата и ставовите на сите засегнати страни во однос на унапредувањето на безбедноста и здравјето при работа и промовирањето на безбедни и здрави работни места.
На дебатата ќе присуствуваат граѓански организации, работодавачи, синдикални организации, образовни институции, медиуми, претставници од релевантни сектори и други засегнати чинители.
Дебатата е во рамки на проектот „Зајакнување на партнерствата на граѓанското општество и државните институции во креирање и унапредување на правото за безбедна и здрава работна средина - Основно човеково право“.
Ново на Сител
-
Изгоре помошна просторија на куќа во Струмица
-
Лука Салватори го загуби животот на трка во Германија
-
Грчка компанија го укинува летот Скопје-Сараево од 29 ноември
-
Осум мигранти загинаа во обид да го преминат Ла Манш
-
Сообраќајка меѓу трактор и автомобил, повредени три лица
-
Запалено возило во Кисела Вода
-
Алиу: Патот Призрен - Тетово го помага развојот на туризмот
-
Украинската ПВО соборила 14 руски дронови, а руската армија соборила 29 украински беспилотни летала