Македонија
21. May 2018 - 9:16

Дебата за јавните финансии и нивното значење

Јавна дебата „Економски разговори - јавните финансии на крстопат“ ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Економски факултет –Скопје.

На отворањето на настанот, како што најавуваат организаторите, ќе се обратат деканот на Економски факултет  Љубомир Дракулевски, ректорот  на  Универзитет  „Св.  Кирил  и Методиј“ Никола  Јанкуловски и вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

Дебатата е фокусирана на значењето кое јавните финансии го имаат за социо-економскиот развој, како и современите дилеми со кои се соочуваат носителите на фискалната политика во Република Македонија: оданочувањето, фискалната одржливост, фискалната консолидација, локалните финансии, ефикасноста на јавните расходи, фискалната транспарентност и отчетност.