Македонија
3. October 2017 - 9:16

Дебата „Судскиот совет на РМ гарант на судската независност“

Институтот за човекови права денеска организира дебата на тема „Судскиот совет на РМ гарант на судската независност!?“, на која ќе биде презентиран и третиот квартален извештај од мониторингот врз работата на Судскиот совет на РМ за период од мај до јули годинава.

На дебатата ќе говорат претседателката на Институтот за човекови права Маргарита Цаца Николовска, заменик министерот за правда Оливер Ристовски, судијата на Врховниот суд на Словенија во пензија Маја Тратник, судијата и универзитетски професор Лазар Нанев и адвокатот Звонко Давидовиќ.