Дебата по повод Меѓународниот ден на младите
Агенцијата за млади и спорт заедно со Националниот младински совет на Македонија денеска по повод Меѓународниот ден на младите организира дебата и дружење во Градски парк кај Школка.
Дебатата ќе биде посветена на Младинската гаранција како една од приоритетните мерки на новата Влада на Република Македонија.
Младинската гаранција нуди шанса за субвенционирани работни места, вработување на младите, обуки, програми за самовработување, пилот програми за млади според локални потреби.
На дебатата предвидено е да говорат директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, пратеникот во Собранието на Република Македонија, Стефан Богоев, како и претседателот на Националниот младински совет на Македонија, Блажен Малески.
Предвиден е и интерактивен дел кадешто присутните ќе поставуваат прашања, ќе даваат предлози и сугестии за зајакнување на улогата на младиот човек во општеството.
По завршување на дебатата ќе бидат доделени благодарници на младите научници и нивните ментори кои освоиле бронзени медали на меѓународните олимпијади по физика, математика, хемија и информатика. Исто така, ќе следи и културно забавна програма, со рок бендови и диџеи.
Ново на Сител
-
Излета возило од патот во Кичево – три лица повредени
-
Кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластувања и измама во службата
-
30 годишник ја претепал невенчаната сопруга и нивните деца, па ја заклучил во соба
-
Мицкоски за амнестијата за организаторите на „27 април“: Тоа е судска одлука, не би имал што да додадам
-
Државна лотарија се придружува на глобалната кампања за подигање на јавната свест за ризикот од вклученост на младите под 18 години во игрите на среќа
-
Курти ја обвини најголемата партија на косовските Срби дека го претставува Белград
-
Три од 28-те преживеани во авионската несреќа во Казахстан биле деца
-
Најмалку 14 преживеани во авионската несреќа во Казахстан | ВИДЕО