Дебата: Како да се расплетка македонско-бугарскиот јазол?
Како да се расплетка македонско – бугарскиот јазол? Според интелектуалците од двете земји, ќе биде потребно уште многу време да се затоплат односите, кои во изминатите три децении не наидуваат на меѓусебно разбирање.
“Од бугарска страна таа изгледа како непрекината политика на еднострани гестови на добра волја, а за возврат Бугарија очекува нешто нерационално – љубов и почит”
Доколку продолжиме со цртање на црвени линии ќе станеме глобално безбедносно прашање, смета професорот Малески.
Тој има и конкретен предлог како да се реши спорот.
“Почит кон македонската нација и македонскиот јазик од страна на Бугарија и почит кон нашата заедничката историја од страна на Бугарија”
Ние немаме спор за историја, туку регионален геополитички спор кој само користи историски аргументи.
“Проблемот на Бугарија во регионален контекст, но и во односите со Македонија е тоа што реалноста која ја дефинира државната позиција на Македонија, е реалност која е наследена од минатото во кое Бугарија беше победена страна”
Онлајн дискусијата беше организирана од софискиот Институт за регионални и меѓународни студии.
-
Горан Симоновски
Сите содржини од овој новинар
