Де Мезиер: Германија не може да ги прими сите бегалци во Европа

Германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мезиер повика за утврдување на цврсти квоти за прием на бегалци во Европа и нагласи дека неговата земја не може да ги прими сите бегалци, пренесува ТАСС.
Во однос на бегалската криза, Германија не може да се изолира од другите земји во ЕУ, истакна германскиот министер во интервју за весникот „Шпигел“.
- Ние сепак не можеме ниту да ги примиме сите луѓе, кои бегаат од зоните на конфликт и сите мигранти, кои поради сиромаштија тргнале на пат, истакна Де Мезиер.
Според него правилен пат е да се утврдат во ЕУ цврсти квоти за прием на бегалци, што ќе овозможи на Европа да прими толкав број на бегалци, колку што е во рамки на силата на секоја одделна држава.
- Да се прифатат стотици илјади луѓе, и тоа точно сега, кога се приближува зимата е голем предизвик, истакна Де Мезиер, додавајќи дека ќе биде тешко да се интегрираат на пазарот на трудот, оние што ќе останат во земјата.
Ново на Сител
-

Три смртни случаи од западнонилска треска за една недела – ДСЗИ проверува колку прскале општините
-

Резултатите за водата во Гостивар ќе ги објават Комуналец и општината
-

Дизелот од полноќ поскапува за 6,5 денари, бензините за 4,5 ден/литар
-

Сточарите бараат вакцинација против сипаници кај овците, АХВ најавува 500.000 вакцини од Турција
-

Вештачење за „Пулс“: Непрописен излез, двојно повеќе гости и диви градежни зафати во објектот
-

Остри реакции за предлогот улица во Тетово да го носи името на Фадил Сулејмани
-

34 години Армија, традиција и нови предизвици
-

Богата програма на годинешното Карпошово културно лето од 20 до 30 август
