-->
-->
Де Хеа во Реал за 50 милиони
-->
Реал Мадрид има рок до 15. јуни, да ја искористи клаузулата која во својот договор Давид Де Хеа и да го донесе голманот во Мадрид за сума од 50 милиони евра.
Давид Де Хеа, минатото лето, една минута го делеше од трансфер на „Сантијаго Бернабеу“, кој не беше реализиран поради административна грешка, односно откако клубовите се договориле, документацијата од Манчестер, испратена по факс, стигнала во Мадрид една минута по завршувањето на преодниот рок.
Минатото лето Реал и Манчестер договорија размена на голманите, Де Хеа во Мадрид, а Кејлор Навас во Манчестер.
Откако му пропадна трансферот, Де Хеа реши да потпише нов договор со Манчестер Јунајтед, но со клаузула во која стои дека доколку до 15. јуни 2016 година реши да се пресели во Реал, тогаш „кралскиот клуб“ ќе мора да плати 50 милиони евра.
Инаку, оваа клаузула важи само за Реал Мадрид, но доколку трансферот не биде реализиран до 15. јуни, тогаш Манчестер Јунајтед може да одреди друга цена.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Mицкоски: Протестите во Кочани преминаа во политичко движење
-
Мицкоски: Извештајот ќе биде усвоен
-
Тема на денот со Ана Марјановиќ, онколошки пациент, дел од Хема-Онко
-
Утре е изборот на Алиу за министер за здравство
-
Бугарија бара смена на известувачот за Македонија Томас Вајц
-
СДСМ: Набавен сомнителен софтвер за прислушување
-
Владата го демантира СДСМ: Нема набавка на нов софтвер
-
Одморалиштето „Пониква” станува центар за рехабилитација на повредените од пожарот во Кочани