-->
-->
Де Геа со нов договор во Манчестер ј.
-->

Шпанскиот голман Давид Де Геа го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед до 2019 година.
Де Геа, кој во изминатите две сезони беше најдобриот играч на Јунајтед, во финишот на преодниот рок беше пред трансфер во Реал, вреден 30 милиони фунти, но истиот пропадна бидејќи документите за негова регистрација од Манчестер во Реал не пристигнаа навреме.
Претходниот договор на Де Геа истекуваше наредното лето, откако не му успеа трансферот во Реал реши да ја продолжи соработката со ‘црвените ѓаволи’.
Јунајтед е посебен клуб и Олд Трафорд е идеално место за мене, тука ќе дополнително да напредувам. Го оставам тешкото лето зад себе, гледам во иднината каде ме очекува напорна работа за да успеам со соиграчите да ги остварам зацртаните цели“, рекол Де Геа.
Продолжувањето на договорот наиде на големо одобрување и кај менаџерот на Јунајтед, Луј Ван Гал, кој на почетокот на сезоната воопшто не му даваше шанса на Де Геа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

По бегството во Бугарија, Ива Михаилова ќе се суди во отсуство
-

Бабата и дедото на судијата Ристов му давале пари за стан
-

ОБСЕ: Функционерите најчесто се спасуваат во судот
-

Повеќе од половина судови се неажурни
-

Над 120 амандмани на вториот ребаланс на буџетот, почнува расправата во Собранието
-

СДСМ: Уставен ја отфрли иницијативата кога власта најави економски работници
-

28 питомци со свечена воена заклетва
-

За два дена над 800 граѓани од ризичните групи вакцинирани против грип
