Свет
6. February 2016 - 14:16

Давутоглу: Не може да се преговара со ПКК додека не го положи оружјето

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу изјави дека нема да се преговара за примирје со бунтовниците од Курдската работничка партија (ПКК), се додека тие не го положат оружјето.

- Владата ќе се консултира со луѓето во регионот за прекин на конфликтот. Оние кои имаат оружје нема да бидат прифатени за соговорници, истакна Давутоглу.

Судирите меѓу турските безбедносни сили и ПКК се обновија во јули минатата година, по што Турција воведе полициски час во неколку градови и реони.