Давутоглу: Европа е апатична кон тероризмот во Турција

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу упати критика поради „апатијата на Европа кон тероризмот во Турција“, јави Анадолија.
Давутоглу во вчерашното обраќање пред Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ) истакна дека Европа не покажува разбирање, какво што покажува Турција при нападите на европска територија,
- Нам ни е грижа за акциите и реакциите при терористичките напади во Европа. Ние очекувавме ист приод и реакции и при терористичките напади во Анкара и во Истанбул. Длабоко сме огорчени затоа што Европејците не покажуваат сочувство, посочи Давутоглу.
Тој упати критики и поради ксенофобијата и расизмот врз муслиманите, мигрантите и Ромите во цела Европа.
- Зголемениот број на формации, кои се расистички и фашистички, се во спротивност на вредностите на модерна Европа, како што се еднаквоста, демократијата, владеењето на правото и почитувањето на човековите права, наведе Давутоглу.
Тој додаде дека во Турција, каде што се прифатени три милиони бегалци, немало лош третман кон мигрантите.
Ново на Сител
-

Засилени акциските контроли во водите на Охридското Езеро
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Ѓоко Велковски, заменик министер на МСПДМ
-

Преглед на вестите од светот
-

Филипче цврсто против гласање на дијаспората - Мицкоски: СДСМ бара алиби за изборните порази
-

Меѓувладини конференции во Брисел за Црна Гора и Албанија, Македонија изостанува на Европскиот календар
-

Маркетите кои ги зголемиле профитните маржи - ќе бидат предупредени да ги намалат
-

Продолжуваат инвестициите во Охрид
