Балкан
26. September 2015 - 18:37

Давутоглу: Елиминирани терористичките закани во Турција

Терористичките закани во Турција се елиминирани, изјави турскиот премиер Ахмет Давутоглу, јави Анадолија.

Давутоглу, кој е во посета на Њујорк, истакна дека терористичките закани против Турција во голем степен се елиминирани по успешните антитерористички операции.

Турскиот премиер додаде дека силите за безбедност успешно го елиминирале тероризмот. При успешните операции биле елиминирани заканите, кои произлегуваат од терористичките групи - Исламска држава, ПКК и Револуционерната партија и фронт за народно ослободување (ДХКП-С).

- Уништени се засолништа, складишта со муниција и оружје и централи на ПКК во Северен Ирак, неутрализирани се елементи на Исламска држава во Сирија, кои претставуваат закана за Турција, додаде Давутоглу.

- Најважна цел ни е да обезбедиме присуство на демократија и безбедност во земјата пред претстојните парламентарни избори на 1 ноември, вели турскиот премиер