-->
-->
Даскалоски на местото на Митревски
-->

Селекторот на македонската ракометна репрезентација Лино Червар, направи една измена во тимот со кој ќе игра во реванш мечот со Чешка, во однос на оној кој во саботата загуби на гостувањето во Злин со шест гола ралика 28-22.
Голманит Златко Даскалоски ќе се најде во тимот на местото на голманот на Бенфика, Никола Митревски. Така покрај Борко Ристовски шанса ќе добие Даскалоски во единстенета промена од првиот бараж натпревар.
- Се одлучив да му дадам шанса на Даскаловски, кој брани во добра форма во текот на целата сезона. Тој ќе го завземе местото на Митревски, што воедно ќе виде наша единствена замена во составот против Чешка, изјави Червар.
Во тимот повторно ќе го нема младиот бек на Металург, Филип Кузмановски, кој како и првиот, трака и вториот меч против Чешка ќе ги пропушти поради повредата на грбот.
Реванш натпреварот за пласман на Светското првенство во Франција на почетокот на годината, меѓу Македонија и Чешка ќе се игра утревечер во СЦ „Борис Трајковски’’ со почеток од 20 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Сиљановска Давкова: Кредибилен партнер сме на НАТО, да се надмине лавиринтот на патот кон ЕУ
-

Вимблдон: Ѓоковиќ казнет поради недолично однесување
-

78-годишна жена пронајдена мртва во својот дом во Кисела Вода
-

Пронајден машки труп во река Пчиња кај Катлановска Бања
-

59-годишник во продавница допирал по тело 31-годишна жена
-

Приведено едно лице поради напад на полицаец кај Градски стадион во Скопје
-

Мицотакис: Грција се соочува со закана за војна од Турција
-

Трамп: Меморандумот за разбирање со Иран за крај на војната е завршен
