Дарко Костовски ја презеде градоначалничката функција во Општина Бутел
Од Општинската изборна комисија на Општина Бутел, денеска му е врачено уверението на Дарко Костовски, новиот градоначалник на Општината.
Како што соопштија од општината, градоначалникот Костовски при тоа истакнал дека од денеска е во служба на граѓаните и дека „сите заеднички ќе зачекориме кон модерна, безбедна и просперитена Општина Бутел“.
Уверенија им беа доделени и на новоизбраните советници каде мнозинството од десет советници го има ВМРО-ДПМНЕ.
Инаку, беше направено и примопредавање на функцијата, откако досегашниот градоначалник го пречека новоизбраниот Дарко Костовски.
Според резултатите од гласањето во првиот круг на Локалните избори 2021, во Советот на Општина Бутел советнички места имаат пет политички партии, и тоа покрај ВМРО-ДПМНЕ со 10 советнички места, следат СДСМ – четири, ДУИ – три и АА/А и Левица со по едно советничко место.
Ново на Сител
-
Повеќе од 150 делегации се регистрираа за инаугурацијата на папата Лав Четиринаесетти
-
Крушево домаќин на првото државно првенство во планински велосипедизам
-
УХМР: До понеделник пониски утрински температури, дневните во пораст
-
МВР: Пријава за угостител кој точел алкохол на малолетно лице во Македонска Каменица
-
Во Штип почна Фестивалот „Shtip Street Food Festival“
-
Најмалку 20 загинати во невреме во САД
-
Тетовец изгубил станови во Тетово и Охрид откако зел пари со камата од 25.000 евра од двајца сограѓани
-
Одземена биста од гробиштата во Бутел