Дарио Ивановски победник на полумаратонот на годинашното издание „Охрид трчаТ“
Македонските атлетичари Дарио Ивановски во машка и Фросина Михајловска во женска конкуренција се победници на полумаратонот на 9. издание на „Охрид трчаТ“.
Патеката од 21 километар Ивановски ја истрча за 1:08:53, што е за една минута подобро од неговиот лански рекорд на трката. Втор на целта пристигна Мирослав Спасов од Бугарија, а трет беше Муџахид Мислими од Македонија.
Во женска конкуренција втора беше Македонката Теа Божиновска, а трета Унгарката Шила Богнар.
На трката од пет километри во машка конкуренција прв на целта пристигна Коста Петровски, пред Григоријан Никовски и Илир Келези.
Во женска конкуренција на трката од пет километри триумфираше Дарија Крстевска од Македонија, пред Македонката Емили Ивановска и Лазарина Христова од Бугарија (25:37).
Во штафетната трка на 21 километар во машка конкуренција, победи екипата на АК „Врањски маратонци“, пред „Вирбу Цирбу“ и „PowerfitbyEp“. Во конкуренција на микс штафети победи „Атомик“, пред „Битола трчат“ и АК „7 Ноември“ од Гевгелија.
Во штафетната трка на пет километри во машка конкуренција победи тимот на „Гостилница кај Мече“, пред „Instinct bar&food“ и „ЛТХ Леарница“. Во женска конкуренција победи штафетата на „BFit“, пред АК „Охрид трчаТ“ и „Run Away“.
На годинашната манифестација „Охрид трчаТ“ учествуваа над 2400 тркачи од околу 30 земји.
Ново на Сител
-
Одбележан 8 ми Септември - Ден на независноста на Македонија
-
Партиите со честитки за Денот на независноста
-
Владата не верува дека линиите на Филипче може да бидат црвени
-
Голема НАТО вежба во Бугарија
-
34 години независна Македонија
-
Сиљановска: Нема услов кој Македонија не го исполнила
-
НАТО вежба во Бугарија
-
Во Струмица вечерва започнува 33-то издание на Фестивалот на камерен театар ,,Ристо Шишков“