Дара Бубамара се распаѓа, се појави на снимање со огромни кратери на лицето
Дара Бубамара се распаѓа, нејзиното лице е полно со кратери, кои се веројатно последици од неуспешен третман со ботокс.
Дека Радојка Аџиќ има проблеми со лицето, се виде на снимањето на нејзиниот нов спот. Иако имаше тешка сценска шминка која требаше да и ги покрие сите недостатоци, во зависност од положбата при снимањето се откриваа и нерамнините на нејзиното лице. Така во еден момент можеа да се видат кратери околу брадата и усните, а присутните коментираа дека нејзиниот изглед е последица н неуспешен третман со ботокс.
Како да тоа само по себе не е доволно, Дара се одлучи за дискутабилен стајлинг, кој мааните на нејзиното тело ги изнесе во прв план, наместо да ги скрие. Аџиќ на снимањето на спотот се појави во леопард хеланки и горен дел од костим за капење со истата шара. На хеланките стави појас, чија единствена функција беше да ги потенцира наслагите на стомакот на Дара да се прелеваат.
Комбинацијата од деведесеттите пејачката ја пополни со златни ланци околу вратот, и престени на сите прсти, а поради дополнителен ефект тука беа и големите златни алки.
Бубамара не сакаше да зборува дали сама го осмислила изгледот за потребите на спотот или пак најмила некој стилист, но нагласи дека во спотот ќе се пресоблече неколку пати.
-Не би зборувала кој е задолжен за мојот стајлинг, но можам да кажам дека ова е само една комбинација од неколкуте кои ќе ги носам во спотот. Генерално, за овој спот ја ангажирав екипата на Дејан Миличевиќ, рече Дара, и нагласи дека годинава која завршува и била совршена.
-Се случуваа само убави работи. Бев задоволна и исполнета на деловен, но и на љубовен план, рече восхитено пејачката, а потоа раскажа зошто го крие своето ново момче како змија нозете.
Ново на Сител
-
Пакетчиња со поминат рок
-
Кочани: Со „југо“ влетал во кафеанска маса, а потоа со нож го ранил познаникот
-
Пукање во Чаир - Се расправале во работилница па едниот почнал да пука во другиот
-
Се претставувал како јавен обвинител и барал пари за да ги спаси од притвор - Kривична за маж од Гевгелија
-
Тошковски: Нови моторни возила за дел од едниците на полицијата, ја опремуваме цела македонска полиција
-
Кривичен ја одби жалбата на одбраната на Артан Груби за мерката притвор
-
Украина доби една милијарда долари од Велика Британија и Јапонија како дел од програмата на Светска банка
-
Кривична пријава за сопственик и за правно лице за „даночно затајување“