Џет-Сет
22. December 2017 - 13:46

Дара Бубамара се распаѓа, се појави на снимање со огромни кратери на лицето

Дара Бубамара се распаѓа, нејзиното лице е полно со кратери, кои се веројатно последици од неуспешен третман со ботокс.

Дека Радојка Аџиќ има проблеми со лицето, се виде на снимањето на нејзиниот нов спот. Иако имаше тешка сценска шминка која требаше да и ги покрие сите недостатоци, во зависност од положбата при снимањето се откриваа и нерамнините на нејзиното лице. Така во еден момент можеа да се видат кратери околу брадата и усните, а присутните коментираа дека нејзиниот изглед е последица н неуспешен третман со ботокс.

Како да тоа само по себе не е доволно, Дара се одлучи за дискутабилен стајлинг, кој мааните на нејзиното тело ги изнесе во прв план, наместо да ги скрие. Аџиќ на снимањето на спотот се појави во леопард хеланки и горен дел од костим за капење со истата шара. На хеланките стави појас, чија единствена функција беше да ги потенцира наслагите на стомакот на Дара да се прелеваат.

Комбинацијата од деведесеттите пејачката ја пополни со златни ланци околу вратот, и престени на сите прсти, а поради дополнителен ефект тука беа и големите златни алки.

Dara Bubamara

Бубамара не сакаше да зборува дали сама го осмислила изгледот за потребите на спотот или пак најмила некој стилист, но нагласи дека во спотот ќе се пресоблече неколку пати.

-Не би зборувала кој е задолжен за мојот стајлинг, но можам да кажам дека ова е само една комбинација од неколкуте кои ќе ги носам во спотот. Генерално, за овој спот ја ангажирав екипата на Дејан Миличевиќ, рече Дара, и нагласи дека годинава која завршува и била совршена.

-Се случуваа само убави работи. Бев задоволна и исполнета на деловен, но и на љубовен план, рече восхитено пејачката, а потоа раскажа зошто го крие своето ново момче како змија нозете.

Dara Bubamara

-Ние, едноставно не одиме на јавни места. Ако отидеме на некој настан ќе се сликаме сигурно. Сепак мислам дека е подобро кога помалку луѓе знаат за нас, рече Дара, која не сакаше да открие ниту дали ги запознала родителите на 27-годишното момче, кошаркарот Немања Безбрадица.
 
-Не би зборувала за тоа дали сум ги запознала неговите родители, зошто било што и да кажам некој ќе додаде продолжеток. Годините не се важни за љубов. Не играат никаква улога и времињата се сменија... Јас имам толку енергија, што и моите пријатели често се шегуваат дека ни девојки од 20 години не можат да се мерат со мене, рече Дара со насмевка.
 
Пејачката потоа се осврна и на останатите домашни кугуарки и заклучи дека таа и најзиното момче сепак се најубава двојка на јавната сцена.

Dara Bubamara

-Мислам дека мојот дечко и јас сме најубавата двојка во која поубавата половина е постара. Тој е кошаркар и реално нема поубаво момче од него. Висок е повеќе од два метри и ги има апсолутно сите машки адути. Сепак физичката убавина е минлива, а тој има и внатрешна убавина. Многу е зрел, и кога тој е во прашање, не бегам од повторно мажење! Кај мене се се случува спонатано, заклучи Дара.