-->
-->
Данската телевизија ТВ2 отвори дописништво во Дамаск
-->
Данската телевизија ТВ2 денеска објави дека отвори дописништво во главниот град на Сирија, Дамаск. ТВ2 ќе биде единствен западен медиум, со постојано новинарско присуство во Дамаск.
Микел Херц, директор на вестите на телевизијата, со седиште во Оденсе, централна Данска, изјави дека по „долг процес“, медиумот добил дозвола да работи во Сирија.
Долгогодишниот воен дописник Расмус Тантхолд изјави дека тоа е „добра појдовна позиција за филтрирање на пропагандата, која доаѓа од сите непријателски страни во сирискиот конфликт“.
Дописништвото на ТВ2 е на 15. кат во зграда во Дамаск, а таму ќе работат Тантхолд, оператор и продуцент.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Одреден 30 дневен притвор за пет лица вмешани во убиството на 25 годишниот турски државјанин
-
Скопје се придружи кон повикот на ЕУ на безусловен 30-дневен прекин на огнот во Украина
-
ФИФА одлучи: 48 екипи за Светското првенство во фудбал за жени
-
Шефот на дипломатијата на Србија: Нема да има санкции од ЕУ поради посетата на Вучиќ на Москва
-
САД и Кина денеска почнуваат трговски преговори во Швајцарија
-
Приведен стружанец, управувал мотоцикл со 2,28 промили алкохол и излетал од патот
-
За првпат објавен Извештајот за спроведување на макропрудентната политика на Народната банка
-
Ким Џонг-ун: Учеството на Северна Кореја во војната во Украина е оправдано